
Ако практикувате дневно дремнување, краткиот сон може да ви пружи пријатно чувство кога сте уморни, а експертите појаснија дали дремнувањето во текот на денот е корисно за вас.
Тие истакнуваат дека постојат неколку фактори што треба да се земат предвид пред да одлучите да дремнете преку ден.
Според терапевтот Џесика Финк, дремнувањето во текот на денот е корисно само ако чувствувате поспаност – состојба што се разликува од обичниот замор. Затоа, ако чувствувате силна поспаност, кратката дремка може да биде од помош.
„Можете да бидете уморни без да чувствувате поспаност. Дремнувањето може да помогне да се ублажи поспаноста. Често се препорачува за луѓе кои работат во смени и за оние кои се соочуваат со прекумерна поспаност во текот на денот“, вели таа.
Ако чувствувате само замор, таа советува да станете и да се движите за да го отфрлите тоа чувство и да издржите до времето за спиење, пренесува Real Simple.
„Добрата дремка е кратката дремка. Наместете аларм на 30 минути за да не потонете во длабок сон и да не се разбудите дезориентирани“, вели таа.