
Ако ги миете во машина за садови, ножевите ќе го изгубат својот сјај.
Агресивните детергенти и долготрајната изложеност на вода може да предизвикаат корозија на ножевите. Исто така, може да се појават дамки од вода и површинска ‘рѓа доколку ножевите не се исушат веднаш.
Покрај тоа, чувањето на ножевите неподредени во фиока или нивното премногу силно триење создава мрежа од ситни гребаници, што дополнително ја затапува нивната завршна површина.
Иако овие често користени кујнски алатки можеби нема да изгледаат исто како кога биле нови, со соодветно одржување и чистење може да им се врати сјајот. За правилно чистење на ножевите, ќе ви бидат потребни сунѓер, детергент за садови, сода бикарбона и крпи од микрофибер.
Детергентот за садови и топлата вода се доволни за чистење, додека содата бикарбона може да помогне во фазата на полирање.
Понатаму, за да постигнете висок сјај, се препорачува да нанесете неколку капки масло и да ги избришете двете страни на сечилото, пренесува „Southern Living“.