
Ќофтињата во сос од домати се едноставно, вкусно и лесно јадење кое одлично оди со разни прилози. Послужете ги со пире од компири, ориз, тестенини или свеж леб и уживајте во вкусен домашен оброк.
Овој рецепт го има на YouTube каналот „Kuhinja za 10“, каде што јадењето е подготвено со домашен сос од домати.
Состојки:
- 500 грама мелено говедско месо
- 3–4 парчиња бајат леб
- 50 милилитри млеко
- 1 јајце
- 2 главици кромид
- 50 грама презла
- 3 лажици масло
- брашно (за обликување на ќофтињата)
- 300 милилитри сос од домати
- зачини: сол, бибер, слатка пиперка, сода бикарбона, сушен магдонос, Вегета и малку шеќер
Подготовка:
Исечете го лебот на ситни парчиња, прелијте го со млекото и оставете го неколку минути да омекне. Потоа, изгмечете го лебот и додадете го јајцето. Во садот со смесата од леб додадете ги месото, ситно исечканиот кромид, презлата, маслото, прстофат сода бикарбона, солта, слатката пиперка и магдоносот. Сè добро измешајте и оставете во фрижидер околу 30 минути.
Од изладената смеса обликувајте ќофтиња со еднаква големина. Секое ќофте благо извалкајте го во брашно, а потоа пржете ги на умерена температура додека не поруменат. Откако ќе ги извадите ќофтињата, во истото тавче додадете две лажици брашно и кратко пропржете ги со постојано мешање. Постепено додавајте 600 милилитри топла вода и сосот од домати, мешајќи добро за да се формира сос. Вратете ги ќофтињата во тавчето и динстајте на тивок оган околу 30 минути. На средината од готвењето, додадете Вегета и малку шеќер за да се ублажи киселоста на доматите.