Наместо градник, донесе плетена корпа: Шокантна сцена на црвениот тепих – луѓето гледаат и не веруваат (ФОТО)

popara22 октомври, 20261min00
1456887_profimedia-1145205351_m

Холивуд е навикнат на провокативни и ексцентрични изданија на црвениот тепих, но ова е нешто досега невидено.

Американската авангардна уметница Вита Кари ги шокираше сите присутни на премиерата на романтичната фантастична комедија „Викер“ (Wicker), одржана во театарот DGA во Лос Анџелес.

Оваа неконвенционална личност, која се идентификува како небинарна, се појави во комбинација што никого не остави рамнодушен. Уметничката креација претставуваше необичен спој од природна плетенa трска, јажиња и грубо платно.

Наместо традиционален градник, Вита носеше плетени корпи, додека обични кеси за пазарување служеа како јакна. Како завршен детал, на главата имаше плетен шешир, поставен настрана, кој, судејќи според сè, служеше како еден вид „бариера за бучава“.

Позната по своите вирални перформанси и видео-уметност на социјалните мрежи, Вита долго време ги поместува границите кога станува збор за телесноста, интернет-културата и јавниот простор. Едно е сигурно – ова издание ја постигна својата цел: никој не можеше да го тргне погледот.