
Ќе ви бидат потребни:
500 г сирови кикиритки или веќе печени кикиритки (несолени)
Прстофат морска или обична сол
1 лажичка мед, јаворов сируп или малку шеќер
1 до 2 лажички неутрално растително масло
Подготовка:
Испечете ги сировите кикиритки во претходно загреана рерна пет до десет минути – но внимавајте да не изгорат. Потоа, ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Во мазната смеса додајте прстофат сол и една лажичка мед, па добро измешајте (изблендирајте). Чувајте во стаклена тегла.