
Состојки:
300 г мелени бисквити
150 мл млеко
8 лажици шеќер
2 лажици какао во прав
150 г маргарин
2 лажици арома од рум
50 г кокосови трошки
Подготовка:
На тивок оган растопете ги млекото, маргаринот и шеќерот, а потоа додајте ги румот и какаото. Добро измешајте, па додајте ги мелените бисквити. Сè убаво измешајте, оставете ја смесата малку да се излади, а потоа со раце обликувајте мали топчиња. Секое топче извалкајте го во кокосови трошки.