Монтреал прогласен за најбезбеден град за туристи во 2027 година

popara4 ноември, 20261min00
261103143

Монтреал, Канада, е прогласен за најбезбеден град во светот за патување во 2027 година, според новото истражување на компанијата „Berkshire Hathaway Travel Protection“.
Девет европски градови се наоѓаат меѓу 15-те најбезбедни дестинации за патување, открива истражувањето на осигурителната компанија „Berkshire Hathaway Travel Protection“.

Монтреал го зазеде првото место со 82,18 поени, искачувајќи се од 16-тото место на минатогодишната листа. Градот е особено пофален поради ниската стапка на криминал, додека сообраќајниот метеж е издвоен како еден од главните предизвици за посетителите, пренесува „Euronews“.

Цирих е на второто место со 81,03 поени, што го прави најбезбеден европски град за патување. По него следува Амстердам со 80,81 поен – што исто така претставува напредок за една позиција во споредба со претходната година.

Според истражувањето, Цирих го должи својот висок пласман на безбедниот и чист систем за јавен превоз, додека Амстердам се смета за исклучително безбеден и покрај големиот број туристи што ги привлекува.

Првите пет места ги заокружуваат Токио на четвртото и Рејкјавик на петтото место, со 78,90 поени.

На листата се наоѓаат и Осло (шесто место), Сингапур (седмо), Венеција (осмо), Сиднеј (деветто) и Хонолулу (десетто).

Преостанатите пет места ги заземаат Даблин, Копенхаген, Барселона, Сан Франциско и Париз.

Во истражувањето учествуваа повеќе од 1.500 испитаници, кои ја оценуваа безбедноста на градовите што лично ги посетиле. Првичниот избор опфати 38 популарни домашни и меѓународни дестинации меѓу американските патници.