
Британската манекенка Роузи Хантингтон – Вајтли (39) привлече големо внимание на гала -вечерта LACMA Art +Film во Лос Анџелес, каде што се појави во впечатлива црна тоалета од Гучи која комбинираше елеганција и провокативен изглед .
Познатата манекенка избра долг фустан што го припиваше телото , со висока јака и долги ракави . Но, кога се сврте, сите беа шокирани. Иако фустанот изгледаше скромно од напред , одзади покажуваше речиси сè ! Убавата манекенка ја покажа целата лева страна – гол грб, задник и нога. Горниот и долниот дел од фустанот беа поврзани само со мал сребрен украс!
Посебен ефект дадоа темнозелените светки на внатрешната страна од фустанот , кои блескаа под светлата . Роузи го надополни стајлингот со смарагдни обетки украсени со дијаманти, црни чевли со зашилен врв и измазнета коса врзана во опавче.
Моделот позираше за фотографите пред познатата уметничка инсталација „Урбана светлина“ од уметникот Крис Барден, која беше една од најатрактивните позадини на црвениот тепих .
Церемонијата се одржа во Лос Анџелес, во организација на Музејот на уметност на округот Лос Анџелес , и на неа учествуваа бројни познати личности од светот на филмот, модата и уметноста.