
Ако ви се јаде нешто слатко, а не сакате да ја вклучувате рерната, овие колачиња се одличен избор.
Се подготвуваат од само неколку состојки, без сложени чекори или долго чекање.
Најважно е смесата да не се вари подолго отколку што е потребно – тоа е тајната за нивната совршена текстура.
Состојки:
– 350 г шеќер
– 130 мл млеко
– 110 г путер
– 4 лажици какао во прав
– 120 г путер од кикиритки (со парчиња)
– 450 г овесни снегулки
– 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Во тенџере со средна големина измешајте ги шеќерот, млекото, путерот и какаото во прав. Ставете го тенџерето на шпорет и оставете ја смесата да зоврие, а потоа варете ја уште околу минута и пол. Внимавајте да не ја варите предолго; ова е најважното правило за да ви успеат овие колачиња. Тргнете го тенџерето од оган, па додајте ги путерот од кикиритки, овесните снегулки и екстрактот од ванила. Мешајте додека сите состојки добро не се соединат. Со помош на лажичка, ставајте делови од смесата врз хартија за печење за да формирате поединечни колачиња. Оставете ги да се изладат и да стегнат. Откако целосно ќе стврднат, подготвени се за послужување.