
Керис Даглас отворено зборува за своите славни родители.
Карис Даглас (23), ќерката на холивудските актери Мајкл Даглас (82) и Кетрин Зита-Џонс (57), за првпат јавно проговори за операцијата на ‘рбетот на која била подложена на 13-годишна возраст; таа исто така се осврна и на темата за својот славен татко.
Во новото интервју, таа откри дека зафатот влијаел врз нејзината танцова кариера и дека, по операцијата, таа не се вратила на професионалното или натпреварувачкото танцување, пренесува „Elle Spain“.
„Имав операција на ‘рбетот на 13 години“
Карис зборуваше за своите здравствени проблеми во интервју во кое се осврна на растењето со славни родители и на својата љубов кон танцот.
Таа откри дека како девојче многу танцувала и дека нејзината мајка, која се занимавала со танц уште од детството, имала големо влијание врз неа.
Исто така, се присети на моментот кога Кетрин се обиде да ја научи како да танцува степ.
„Ѝ реков дека не сакам да учам од сопствената мајка. Потоа таа направи неколку чекори, а јас останав без зборови. Си помислив: ’Леле, ова е импресивно. Нема да се натпреварувам со неа‘“, раскажа Керис.
Потоа откри дека во тинејџерските години морала да оди на операција.
„Многу танцував, но на 13-годишна возраст имав операција на ‘рбетот. Сè уште танцувам, но веќе не професионално ниту на натпревари“, рече таа.
Керис не ја откри причината за операцијата, ниту пак даде дополнителни детали за самиот зафат.
Таа сака да изгради сопствена актерска кариера.
Иако се откажала од професионалното танцување, Керис одлучила да тргне по стапките на своите родители и да се посвети на глумата.
Дипломирала на Универзитетот „Браун“, каде што студирала филм и меѓународни односи, а оваа година го имала своето професионално театарско деби во улогата на Нина во претставата „Галеб“ од Чехов.
Во едно интервју, таа призна дека е свесна оти нејзиното познато презиме ѝ отвора врати, но истовремено создава и дополнителен притисок.
„Моите родители не криеја дека луѓето ќе имаат однапред создадени мислења за мене, уште пред воопшто да ме запознаат. Ме научија дека градењето на сопствениот идентитет зависи само од мене – и од никого друг“, објасни таа.
„Тоа што имам постар татко е голем дар, иако понекогаш посакувам тој да немаше 82 години – иако сум неверојатно благодарна за неговото искуство и мудрост“, рече таа, зборувајќи за својот татко.
Таа додаде дека сака да продолжи да учи и да се развива како актерка, а истовремено да најде начин да ја поврзе својата уметничка работа со интересот за меѓународна политика и човекови права.
Кетрин Зита-Џонс ги поддржува своите деца во нивните амбиции.
Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас се венчаа во 2000 година; покрај Карис, тие го имаат и синот Дилан (26).
Двајцата покажаа интерес за глума, а Кетрин претходно зборуваше за тоа колку се тие посветени на своите амбиции.
Таа истакна дека уште од мали нозе учествувале во училишни претстави, театарски работилници и други уметнички проекти, и дека ниту таа, ниту нејзиниот сопруг, никогаш не се обиделе да ги одвратат од кариера во индустријата за забава.
Карис сега има за цел да го трасира својот пат во Холивуд, а признава дека еден од најважните совети што ги добила од родителите бил да не се потпира исклучиво на нивната слава.