
Американската манекенка Бела Хадид беше фотографирана во Аспен во средата, во друштво на своето момче Нејтан Лејси. Двојката, држејќи се за раце, го шеташе кучето, а попат разменија и бакнеж.
Таа изјави дека е горда на сè што постигнала како манекенка, но дека нејзините животни цели сега се поинакви.
„За мене, успехот може да значи живот во мир, во мало гратче, со мажот што го сакам, со моето дете и со животни“, рече таа.
Таа откри дека сака да отвори пекарница со храна директно од фарма, со цвеќиња и производи од локалната заедница, но и повеќе да им се посвети на своите хобија.
„Сакам да правам работи што ми ја исполнуваат душата: да имам стаклена градина каде што ќе можам да одгледувам растенија, сопствено студио за дување стакло и керамика, да имам многу деца и да бидам мајка“, изјави таа.
Таа додаде дека тоа не е сон што го имала отсекогаш, но дека таа желба сега е многу силна.
„Мојата интуиција многу гласно ми го порачува тоа“, рече таа.
Хадид е во врска со Нејтан Лејси, со кого беше фотографирана додека шетаа во Аспен на 18 ноември. Двојката се држеше за раце, го шеташе својот златен ретривер и попат разменија бакнеж, пренесува „People“.
Тие ја обелоденија својата врска на 7 ноември на еден хокеарски натпревар во Денвер, а три дена подоцна, Хадид објави серија заеднички фотографии на Инстаграм. Лејси живее во Колорадо и, според Инстаграм-профилот „Deux Moi“, работи како каубој на семејниот ранч.