Работи кои не треба да ги држите покрај креветот: Проверете ја вашата ноќно масичка

popara26 ноември, 20261min00
b_261126035

Ноќното шкафче често станува место каде што се собира сè што може да ви затреба при рака – од мобилен телефон на полнач, па сè до свеќи и купчиња хартија. Некои од овие предмети можат да ви го нарушат сонот, додека други – како што предупредуваат пожарникарите – можат дури и да предизвикаат пожар.

Еве неколку работи што не треба да ги чувате покрај креветот. Некои од овие препораки се поддржани од Противпожарната служба во Даблин, како и од упатствата на болниците во рамките на Националната здравствена служба (NHS) на Обединетото Кралство.

Мобилен телефон на полнач

Светлината од екранот и содржината на вашиот телефон можат да го одложат заспивањето, па затоа е најдобро уредот да го држите подалеку од перницата. Во упатствата на болничката групација „Донкастер и Басетло“ (дел од NHS) се наведува дека компјутерите, паметните телефони и телевизорите можат да го одржат мозокот стимулиран со часови по нивната употреба, што го отежнува заспивањето.

Противпожарната служба во Даблин советува да не ги полните мобилните телефони, таблетите или електронските цигари додека спиете. Уредите треба да се полнат на рамна, цврста и незапалива површина и никогаш не смеат да се покриваат со перница или ќебе, бидејќи батериите се загреваат за време на полнењето. Полначите треба да се исклучуваат од штекерот кога не се користат.

Свеќи

Ако заспиете додека читате, свеќата може да се преврти, или пламенот може да зафати завеси или постелнина. Противпожарната служба во Даблин препорачува свеќите да се ставаат во стабилен држач, на површина отпорна на топлина, и никогаш да не се оставаат да горат без надзор. Како побезбедна алтернатива, размислете за користење електрична свеќа.

Греалки, фенoви за коса и пегли за коса

Држењето преносна греалка премногу блиску до креветот, завесите или постелнината претставува сериозен ризик. Уредите треба да се исклучат пред спиење, освен ако не се специјално дизајнирани за таква намена и не се користат согласно упатствата на производителот. Феновите за коса, пеглите за коса и сличните електрични апарати можат екстремно да се загреат и да предизвикаат палење на постелнината, хартијата или облеката; затоа, тие треба да се исклучат од струја и да се одложат дури откако целосно ќе се изладат.

Валкана облека и влажни крпи

Корпа полна со валкана облека – особено ако содржи влажна облека за вежбање – задржува непријатни мириси и прави просторијата да изгледа потесна и понатрупана. Најдобро е да ги чувате во бањата или во плакар. На влажните крпи и облека може да се појави мувла, па затоа треба да се остават да се исушат во просторија со добра вентилација.

Лаптопи и работни документи

Чувањето лаптоп или работни документи покрај креветот служи како постојан потсетник за вашите обврски, со што спалната соба ја губи својата основна намена – одморот. Фондацијата „Lincolnshire Partnership NHS“ советува да не ја користите спалната соба како канцеларија, ниту пак за какви било активности што не се поврзани со одмор.

Неред на ноќното шкафче

Купови книги, накит, козметика, лекови и сметки создаваат неред, го отежнуваат чистењето и лесно можат да се превртат. Мала ламба, будилник и книгата што моментално ја читате се сосема доволни работи што треба да ги имате на ноќното шкафче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *