Леона Луис со совршен видео запис за „Collide“

popara24 август, 20111min00
leona

Британската поп дива Леона Луис го сними видеото за нејзиниот сингл „Collide“  кон крајот на јули, 2011 година и тоа со Итан Ладер на режисерското столче. На спотот ги има прикажано прекрасните пејзажи и долгите плажи од Малибу, Калифорнија.

Откако се расчистија сомнежите околу тоа дали има плагијат и прекршување на личните права во песната, тимот на Леона одлучи таа да излезе во Британија на 4 септември. Некои инсерти од видеото испливаа на интернет и тука можете да погледнете како сето тоа изгледа. Првичните реакции во Британија се бурни и оваа песна почнува високо да котира на топ листите.

На сликите Леона изгледа како штотуку да излегла од рајот и како да е совршенство без маана. Со оглед на тоа што сеуште е лето не е ни чудно што таа одбрала ваков вид на спот, со плажа, кабриолет и сл.

Според британскиот весник „Mirror“, ова видео ќе биде прекрасно кинематографско парче кое живо и весело ја покажува природната убавина на г-ца Луис. Ќе биде секси, органско и неодоливо. Нова модна епидемија. Видеото е за убавината која се крие во деликатноста на живеењето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag