Вилијам Ашер III (66), бил уапсен без да даде отпор во неговиот дом во северна Калифорнија. Далечната 1967 година тој бил осуден на издржување затворска казна од најмалку седум години, со можност да остане зад решетки и цел живот. Казната ја служел поради грабеж во едно кафуле каде што келнерот бил претепан до смрт. Во бегство бил од 1975 година, а се до 2005 година полицијата немала сознание каде се крие.
Но полицијата открила дека неговата мајка била пред умирање, која побарал помош од членовите на семејството да и дадат број за да се слушне со синот кој бил во бегство. Откако ги споредиле нејзините повици, агентите на ФБИ сознале дека Ашер 20 години се криел под името Гари Доналд Веб, и веќе 20 години живеел со своја добра пријателка во заеднички дом. Полицијата изјавила дека жената не знаела за неговата криминална историја.
Ашер не се противел на апсењето, но непрекинато ги прашувал агентите како го пронашле.
Ашер на полицијата и открил дека ова му е втор идентитет во текот на годините додека бил во бегство. Откако избегал од затвор “станал” Дејвид Доналд Мекфии, и работел како возач на камиони, се оженил и имал семејство. Потоа тој се развел од сопругата која ја напуштил и веднаш го променил идентитетот.
Неговата ќерка од тој брак, се обидела да го пронајде својот татко и побарал помош од ФБИ, но тогаш не успеале да го најдат.