Луѓето од Фејсбук на својот службен блог најавиле промени во поставувањата на приватноста на друштвената мрежа, на која ќе може да се воспостави поголема контрола на информациите и содржините кои ги објавуваат корисниците, но и за оние кои објавуваат за друга личност.
Како најважна нова опција е можноста за контрола на фотографиите и објавите на кои сте означени. Сега овие информации веднаш ќе ви се покажат на вашиот ѕид, а само во случај доколку им одобрите овие информации ќе можат да ги објават на нивниот ѕид.
Еден од досегашните проблеми на друштвенава мрежа е тоа што кога нешто ќе објавите, повеќе не можете да ги менувате поставувањата т.е морате да ја избришете целата објава.
Набрзо ќе можете да ја смените објавената содржина така што на пример некоја јавна објава ( фотографија или видео) ќе може да се намести како приватна, со тоа објавата би можела да биде видлива само за пријателите или некои одбрани групи.
Новите контроли на профилот овозможуваат едноставност во подесувањето на опциите со кои ќе ги споделувате податоците за вас, па така овие поставки нема повеќе потреба да ги менувате во Опциите за приватност, туку директно од самиот профил. Фејсбук сега овозможува и преку опцијата Preview My Profile, која е достапна на страницата на профилот , да видите кој се ви го гледа вашиот профил.
Воведени се и промени во означувањето на локацијата па така ќе можете да си ја означите и локацијата на секоја објава или слика на ѕидот и тоа не само преку мобилен туку и со помош на интернет страна, а ќе може и да се означуваат и линости со кои не сте се уште пријатели на оваа друштвена мрежа.
Од Фејсбук напишале дека овие промени ќе можеме да ги очекуваме во текот на наредните денови!