Ова е дефинитивно еден од најочекуваните настани оваа година, на кој се поканети гости од кралското семејство и наследнички на хотели. И покрај сиот хаос на големиот ден, Петра Еклстон изгледаше смирено и опуштено, кога вчера утрото го напушти хотелот и се упати кон замокот каде ќе се омажи за Џејмс Стант. Овие се ексклузивните фотки што успееа да „протечат“ вчера вечерта, а веруваме откако свадбата ќе заврши во целост ќе следат и многу повеќе.
22-годишната наследнична на Формула 1 изгледаше прекрасно и емоционално трогнато возејќи се во белиот Ролс Ројс со татко ѝ Берни кој седеше веднаш до неа.
Косата и беше распуштена, а кадриците слободно ѝ паѓаа на рамената. Како принцеза од бајките. Иако на сликите не може целосно да се види фустанот, се чини дека Петра се одлучила за традиционален бел фустан комбинирајќи го со дијамантска тјара и обетки.
Нејзината сестра Тамара, видно возбудена, постојано ги информирала фановите на Твитер за свадбата. На овој ден таа била пресреќна и многу возбудена. Хотелот го напуштила заедно со нивната мајка, Славица Радиќ, која исто така изгледала доста елегантно во долг златен фустан.
Напуштајќи го хотелот, биле забележани и Сара Фергусон, Војвотката од Јорк со ќерката Беатрис, и двете носејќи долги розеви тоалети. Другата ќекра, Евгенија, пак, изгледа се одлучила за поскромна комбинација и носеше црн корсет фустан со црни потпетици. Понатаму, беа забележани и Ники и Парис Хилтон заедно со мајка им Кети. Парис ја красеше долг сребрен фустан, а Ники се одлучила за нешто понеобична варијанта.
Петра и Стант ќе се венчаат на раскошна церемонија во замокот од 15 век наречен Одескалки, во близина на Рим, каде во 2006 година се венчаа Том Круз и Кејти Холмс. Берни кој тежи 2,5 билиони фунти, го изнајмил замокот за 310.000 фунти, а тоа вклучува и кетеринг услуга и сместување за гостите. Само огнометот ќе чини 40.000 фунти.