Во светот познатата клиника Мејо, во која се лечеа од дебелината или зависноста многу холивудски актерки (Liz Tejlor, Lajza Mineli..), објавена е оригинална диета, која помага да се намалат килограмите. Строго почитување и за 14 дена се губат 7,5 до 10 килограми. Морате да се придружувате до редоследот и количината на храната.
Оваа диета е доста популарна а какви резултати кај вас можат да се постигнат – проверете, али после лекарска контрола и спроведување на диетата ( 3 јајца за доручек секој ден….. ммм…. не е шега ).
Примена
Доручек – секој ден исти – половина цитрон, 3 меко сварени јајца, црно кафе
1.Ден
Ручек – 1 цитрон, 2-3 јајца варени, варен спанаќ и црно кафе
Вечера – 3 јајца варени, мешана салата и 1 тост
2.Ден
Ручек –1 цитрон, 2-3 јајца варени, варен спанаќ и црно кафе
Вечера – голем стек, маслинки, зелена салата
3.Ден
Ручек –1 цитрон, 2-3 јајца варени, домат, варен спанаќ и црно кафе
Вечера – краставица и домат
4.Ден
Ручек –1 цитрон, 2-3 јајца варени,мешана салата, варен спанаќ и црно кафе
Вечера –2-3 јајца, 1 тост, урда
5.Ден
Ручек –1 цитрон, 2-3 јајца варени, варен спанаќ и црно кафе
Вечера –мешана салата, печена риба во фолија или на скара ( никако пржена )
6.Ден
Ручек – овошна салата без шеќер
Вечера – голем бифтек, домат, краставица, чај или кафе
7.Ден
Ручек – ладно пилешко, домат, варена зелка и моркови
Вечера – 1 цитрон, црно кафе и зеленчук