Како се изживувала фамилијата Гадафи на “обичниот” народ! Потресна исповест на една “обична” жена:(

popara30 август, 20111min00
article-2031390-0D9F858600000578-123_634x493

Ханибал Гадафи и неговата жена Алине подобро се однесувале со своите кучиња отколку со вработените кај нив. Дадилката Швејга Мулах (30) разговара со новинар на CNN и му ја раскажува својата потресна приказна за својот престој  и пеколот што го проживеала кај Ханибал, син на Гадафи и неговата сопруга .

Дадилката покажала делови од своето тело покриени со рани, опекотини и лузни, и според нејзината изјава за CNN раните ги здобила бидејќи Алине ја посипувала со врела вода за казна.

“Во првиот момент помислив дека има превез на лицето, но кога видов подобро лицето и главата и беа прекриени со рани и красти што создаваа еден гротесен колаж.”-напишал Дан Риверс за CNN.

Дадилката Швејга Мулах во Либија дошла  пред година дена од Етиопија за да се грижи за децата на Ханибал, кој имал син и ќерка, и во почетокот се било нормално. После 6 месеци Алине Гадафи бивша манекенка која студиите ги завршила на “London School of Economics”, ужасно се изнервирала поради нејзината ќерка што не престанувала да плаче и се налутила на дадилката затоа што одбила да го тепа малото девојче. После три месеци се случило повторно истото само многу по драстично, ја затворила во бањата, и ги врзала рацете и нозете, устата и ја залепила со леплива трака и почнала да ја полева со врела вода. После една од ваквите случки почнале да и излегуваат црви од главата бидејќи раните останувале нелечени. Еден од чуварите ја однел во болница, но кога Алине дознала за тоа му се заканила дека ако се повтори вакво нешто ќе заврши во затвор.

Три дена Швејга била оставена надвор без облека, храна и вода. Никој не смеел да и се приближи и да и помогне. Ова не е единствениот случај на нечовечно изживување со вработените, еден нејзин колега изјавилл за CNN дека и него редовно го тепале и измачувале со ножеви.

Поради Ханибал и Алине во 2008 година избил дипломатски спор помеѓу Швајцарија и Либија . Синот на Гадафи и неговата по тоа време бремена сопруга Алине биле уапсени во Женева бидејќи вработените во хотелот се жалеле дека биле тепани со ремен. Либија се оветила така што уапсиле двајца швајцарски бизнисмени, ги избркале швајцарските дипломати, ја суспензирале доставата на нафта за Швајцарија и повлекле околу 5 милијарди франкови од швајцарската банка. Се верува дека Ханибал ја тепал својата сопруга, и еднаш наводно и го скршил носот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma