Во понеделник, во Њујорк започна последниот гренд-слем годинава, US Open. Кремот на светскиот тенис во наредните две недели ќе се бори за последниот од четирите најважни турнири во тениската сезоната.
Оваа година наградниот фонд е зголемен. Сега тој изнесува 23 милиони долари, од кои по 1,8 милиони долари одат за победниците во машка и женска конкуренција. Минатата година Рафаел Надал победи во машка, а Ким Клајстерс во женска конкуренција. Белгиската тенисерка оваа година нема да може да ја одбрани титулата. Таа го откажа настапот поради повреда.
Роже Федерер е најуспешниот тенисер кој настапува на овој турнир. Тој, како и Пит Сампрас, 5 пати по ред победуваше на US Open, од 2004 до 2008. Но Роже, оваа година, е трет фаворит. Прв фаворит е Новак Џоковиќ, а втор Рафаел Надал.
Најуспешна тенисерка на овој турнир е американката Крис Еверт. Таа американскиот грендслем го има освоено 6 пати. Прв носител е првата тенисерка во светот Каролин Вознијацки. Втор носител е минатогодишниот финалист, руската тенисерка Вера Ѕвонарева. Да не ја заборавиме и американката Серена Вилијамс, која иако е поставена за 28 носител, е една од главните фаворитки. Таа овој турнир го има освојувано 3 пати.