Наскоро балон во универзумот. Сите авантуристи со подлабок џеб наскоро ќе може да си дозволат едно сосема поинакво патување. Летање со балон во вселената по цена од 110.000 евра.
Извршниот директор на компанијата која ќе го организира ова патување со балон, Хосе Марио Лопез, изјавил дека вселенскиот балон под името “Bloon” кој ќе лета до блиската вселена, а туристите ќе имаат неверојатен поглед и доживување. Вселенскиот балон ќе лета помеѓу воздушниот простор и вселената, поточно 36 километри одалеченост од Земјата.
Леталото “Bloon” ќе превезува патници во капсула прицврстена за голем балон наполнет со хелиум, а капсулата ќе биде со дијаметар 4,3 метри.
Капацитетот е за шест луѓе, поточно четри патници и два пилота. Внатре ќе можете да слушате музика, да јадете, пиете…се е на вас, изјавил директорот на компанијата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=dL559OHw7-Y