И во Њујорк почнаа да се пишуваат казни за се и сешто, па така најновата е за возење велосипед во мини сукња.
Њујоршката полиција ја казнила холанѓанката Јасмин Рикејн (31), бидејќи наводно можела да предизвика сообраќајна несреќа возејќи велосипед во прекратка сукња, пишува Daily Mail. Јасмин дошла во Њујорк на саем за велосипеди, поради жештините се облекла во сукња.
„Полицаецот ми рече дека тоа е многу возменирувачки, сум го одвлекувала вниманието на возачите, а тоа било опасно за сообраќајот. Мислев прво дека се шегува, но на крајот се налути и ми побара документи“, раскажала збунетата холанѓанка.
Инаку Јасмин е главен менаџер на една компанија која произведува велосипеди во Амстердам.