Најдобра позиција за спиење

popara30 август, 20111min00
najdobra pozicija za spienje naslovna

Сонот е најважен за човековото здравје, расположение и убавина. Неодана е утврдено која позиција е најдобра за спиење.

На грб

Идеална позиција за спиење е спиењето на грб. Таа позиција ја спречува болката во вратот и грбот, ја намалува враќањето на желудечната киселина во хранопроводникот и го смалува појавувањето на брчки. Точно, многу луѓе кои ‘рчат и имаат апнеја за време на спиењето во оваа позиција спиењето не им одговара. Луѓето кои имаат болки во вратот, кои спијат на грб, треба да користат анатомска перница.

Срцево болните, личности кои имаат проблеми со дишењето треба да спијат на повисока перница – полуседечка позиција.

На страна

Следна на листата на поволна позиција на спиење е на страна. Оваа позиција, исто така може да помогне при болка во грбот, но потребно е измеѓу колената да се стави перница, со тоа се опуштаат колковите, колената и ‘рбетот.Оваа позиција е поволна за они кои ‘рчат. За трудниците се советува да спијат на левата страна, во таа положба крвта најдобро стигнува до плодот.Доколку имате камен во едниот бубрег спијте на другата страна.

На стомак

Најнеповолната позиција за спиење е на стомак. Бидејќи се појавуваат брчки, лесно може да се дојде до повреда на вратот и грбот, бидејќи кичмата во таа положба не е исправена, ни ослободена, како и зглобовите, а нервите се приклештени. Во текот на денот можете да почуствувате вкочанетост во своите раце. Оваа позиција е подобрена со ставање на перница помеѓу колковите, наместо на главата. Уште подобро е од едната страна да ставите подолга перница, советува лекар.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma