Научниците од САД, Сингапур и Кина го создадоа EES ( epidermal electronic system), растеглив, вградувачки кожен чип за посматрање на виталните функии. Тој се напојува преку соларната енергија, што значи дека нема потреба од жици, а ниту лепило за да би се задржал на кожа.
Прикажувањето на ова откритие беше во магазинот Science. Материјалот во кој се наоѓа чипот е потенок и од влакно од коса па така е и тешко да се управува со него. Научниците кои го создадоа чипов се сетија како да го избегнат проблемов, и тоа преку детските привремени тетоважи.
Во зависност од позицијата на чипот на телото, ќе може да се анализира работата на срцето, грчето на мускулите или електричната активност на мозокот. Самите научници сметаат дека оваа технологија би им била од голема помош на заболените од невромускуларните или од Лоу Гехриговите болести.