Започна Европското првенство во кошарка. Напред наши!!!

popara31 август, 20111min00
44_52a5c6cd8faa02ac5032f7c6bcea92f7

Денес започнува Европското првенство во кошарка. Ќе биде одржано по 37-ми пат и тоа во Литванија. Ова ќе биде втор пат Литванија да биде домаќин на ваков вид на натпреварување. Финалистите на „Евробаскет 2011” ќе имаат загарантирано учество во Олимписките игри 2012 кои ќе се одржат во Лондон.

Победник на минатото Европско првенство во Полска беше репрезентацијата на Шпанија, која во финалето ја декласираше Србија. Најмногу освоени трофеи има репрезентацијата на поранешниот Советски Сојуз, дури 14.

Македонија настапува во групата „C” заедно со: Босна и Херцеговина, Хрватска, Финска, Грција и Црна Гора. Првиот натпревар нашата репрезентација го игра денес во 14:30 против репрезентацијата на Црна Гора. Сите натпревари нашата репрезентација ќе ги игра во градчето Алитус. Најнова вест е тоа дека Кирил Николовски се вратил во Скопје, поради проблеми по операцијата на забот. Тој е заменет со Ивица Димчевски.

„Посакуваме да извојуваме некоја победа и да се пласираме во вториот круг, иако ќе биде многу тешко. Ветувам дека играчите ќе дадат максимум. Се надевам дека со малку среќа и без здравствени проблеми ќе ја оствариме нашата цел”, изјави селекторот Марин Докузовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma