Вишну храмот на Срирангам
Храмот на Срирангам (Sri Ranganathaswamy Temple), се наоѓа во индискиот град Tiruchirapalli или познат како Trichy, а претставува најголемиот хинду храм кој е во функција. За потсетување Анкор Ват е најголемиот храм, но моментално не функционира како храм.
Овој храм е посветен на Вишну, еден од трите богови во хиндуизмот. Легендата вели дека многу одамна, еден мудрец се одмарал и спуштил статуа на Вишну која се потпирала на огромна змија. Кога мудрецот бл подготвен да продолжи со своето матување, открил дека неможе да се помрдне статуата, па така мал храм бил изграден во таа чест. Низ вековите, храмот растел како што се граделе и други објекти врз постоечкиот.
Овој храм е многу голем, опфаќа површина од 63 хектари, со седум концентрични ѕидови, а најодалечените се околу 4 километри долги. Ѕидовите разграничуваат куќиште до куќиште, секое посвето од предходното, а во внатрешноста на просторот не е дозволен влез на оние кои не се хиндуисти.
Овој храм е познат по својата уникатност, разнобојност, шарените пирамиди и скулптури. Составен е од 21 кули наречени gopurams, а најголемата е висока 60 метри.