Џонатан Џејмс (10) од Далас, паднал и умрел од дехидрација, откако неговиот татко и маќеа не му дозволувале да пие вода пет дена. На детето му било забрането да пие вода, бидејќи несвесно уринирало во својот кревет додека спиело. Малиот Џејмс умрел пред очите на неговиот брат близнак, Џозеф, пишуваат американските медиуми. Полицијата го уапсила таткото на момчето Мајкл Џејмс и маќеата Тина Алберсон поради малтретирање на детето.
Бабата на Џонатан, Сју изјавила дека неговиот брат близнак Џозеф сакал да му помиогне на Џонатан, но се плашел да не ја добие истата казна како брат му. Сју додала како му објаснила на детето дека тоа не е виновно за смртта на неговиот брат, и дека тој не можел ништо да направи. Сју исто така изјавила дека Џозев бил во голем шок и дека таа е многу загрижена за него.
Доколку се докаже дека таткото на Џонатан и неговата маќеа се виновни за неговата смрт, им се заканува казна затвор во траење до 99 години, пренесува Daily Mail.