Облечени во крзна, со ботокс по нивните тела, шеткајќи се по заводлива долна облека овие Русинки станаа Ѕвезди во новиот реалити шоу “Russian Dolls” и трн во око на многумина критичари.
Реалното шоу е реплика на МТВ емисијата “Jersey Shore”. Критичарите тврдат дека ова е најлош начин на промовирање на Руската жена. Таа не онаква каква што е преставена во шоуто, таа не е „евтина“, опседната со пари и неморална.
„Russian Dolls” односно „Руски Кукли“ ги прати животите на осум жени кои живеат во Њу Јорк и тоа во Брајтон, каде претежно живеат Руски емигранти.
„Додека ја гледате таа емисија мислите дека сите Русинки се проститутки и криминалци. Шоуто ги преставува како група на лигави неупотребливи жени, а тоа е далеку од вистината“ – Вјечаслев Игрунов политички коментатор во “Sandej tajms”.
Што ќе се случува во следните денови никој не знае… Се знае само фактот дека Руската заедница во Америка се противи и почнува кампања за прекинување на ова реално шоу.