Нов хит: Диета во зависнот од типот на личноста

popara1 септември, 20111min00
dieti

Луѓето имаат генетски предиспозиции за држење диета, па пред да почнат една, би требало да ги запознаат своите слабости и да сфатат што ги тера повеќе да јадат.

Американскиот невролог, доктор Danijel Amen, неодамна објави интересна книга во која тврди дека луѓето кои се склони на дебелина можат да се класифицираат во пет категории- компулсивни, импулсивни, компусилно-импулсивни, тажни или емотивен и нервозен тип на личност.

Компулсивните типови имаат тенденција да се заборават и така се фокусираат на храната. На овој тип на личност, храната која содржи многу протеини нема да му помогне, бидејќи овој вид на храна го зголемува фокусирањето кои компулсивните личности го имаат премногу. Наместо тоа, доктор Amen препорачува да јадат повеќе сложени јаглено хидрати, кои помагаат на телото да создаде повеќе серотонин, кој го зголемува расположението. Јаглено хидратите се катастрофални за режимот на диетата кај импулсивни личности, бидејќи им го смалува нивото на самоконтрола. Ваквите луѓе би требало да јадат житарици и пилешко кои го подигнуваат нивото на концентрација.

Компулсивно-импулсивните типови треба да се фокусираат на физичката активност, а емоционалните типови мораат да внесуваат повеќе омега 3 масни киселини кои го смируваат телото. Нервозните типови, кои користат храна за да го смират стравот и нервозата, би требало да избегнуваат алкохол и кофеин и да изберат храна како што е брокула, леќа, ореви.

Компулсивен тип е склон на карање и ексцеси и има проблем со несоницата. Би требало да јаде ориз, лосос, банани,мисирка, семки од сончоглед и храна богата со протеини.

Импулсивниот тип често јаде и кога не е гладен, неорганизирани се и секогаш задоцнуваат. За овој тип препорачливо е да се јаде- стек, пилешко, мисирка, јајца, житарици и зелен чај. Треба да избегнуваат јагленохидрати и шеќер.

Емотивниот тип е склон на депресија, пати од главоболка, често се досадува, се чуствува осамено  и има слаба самодоверба. Би требало да јаде- јајца, црн дроб, ореви и лешници, брокули.

Нервозниот тип често страда од болки во мускулите, ги гриза ноктите, има редовна главоболка, срамежлив е и се осеќа непријатно во друштво.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma