“Ѕверка” во Белград! Обожавателки фрлајте ручекот и по него:)

popara1 септември, 20111min00
Chris Noth image

Ѕвездата од серијата и филмовите „Сексот и градот“, на јавноста познат како Ѕверка, а вистинското име му е Крис Нот, вчера попладне слета на пистата во Белград.

Целта на посетата на овој обожуван актер е снимањето за серијата „Титаник: Крв и челик“, од која некои делови ќе бидат снимани во Белград и Крагујевац.

Серијата треба да има 12 епизоди, а ќе се снима во Белград, Крагујевац и Белфаст. Идејата на серијалот е да се прикаже што се случувало пред кобниот ден за Титаник, а тоа вклучува детаљи од изградбата на бродот, во првата деценија на 20-тиот век во Белфаст, па сè до моментот кога финансискиот притисок довел со фатални компромиси.

Во екипата има 40 актери од Србија, англискиот актер Дерек Џакоби кој ќе го игра Вилијам Пири, човекот кој го направил Титаник, Нев Кембел која е во улога на новинарка која го следи првото пловење на бродот и Крис Нот кој ќе го глуми финансиерот на самиот проект односно бродот, Џ.П. Морган.

Серијата е во режија на Киран Донели, а сценариото е дело на Марк Скит, Метју Фок и Алан Вајтинг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma