Изложбениот салон за накит во Шенаи, Индија, наречен по сопственикот Џојалукас е најголемиот во светот, според Гинис. Рапространет е на пет ката од кои четири се за купувачите на накит, а петиот е за администрацијата, маркетинг тимот и тимот за сортирање на накитот. Во салонот има злато, дијаманти, платина, скапоцени камења, бисери, сребро и ексклузивно катче за детски накит.
Признанито на салонот му е дадено на 10 август 2011 година. Во салонот има и уникатна пештера каде се пронаоѓаат дијаманти со цел купувачите да се запознаат со процесот низ кој поминуваат дијамантите додека да се готови. Посетеноста е огромна.
One comment
Zrza Zzzz
1 септември, 2011 at 14:27
Ginis vi e zakon. Super rekordi ima 🙂