Биолошкиот татко на Стив Џобс сака да се напие кафенце со синот

popara1 септември, 20111min00
0127-steve-jobs-carry-ipad_full_600

Абдулфатах Џон Џандали иако никогаш во животот не го сретнал, тој е многу горд на својот син, Стив Џобс, еден од најважните личности во компјутерската индустрија и ко-основач на Apple, но никогаш не би го направил првиот чекор за да се видам со него, изјавил Абдулфатах.

“Колку да звучи чудно, јас едноставно немам сила да го повикам, се надевам дека тој ќе го направи првиот чекор, изјавил за “Њујорк пост”, 80 годишниот биолошки татко на Џобс.

“Мојата сиријска гордост не ми дозволува да помислам на неговото богатство”, додал Абдулфат кој исто така е милионер и сопственик на казина.

Тој објаснил дека мајката на Џобс, Џоана Сибл Џонсон одлучила својот син уште како бебе да го даде на усвојување, бидејќи нејзиниот татко се противел на нејзиниот брак со Сириец.

“Бевме млади, и не знаевме што да правиме, таа одлучи да го даде на посвојување. Јас бев против таа одлука, но таа не сакаше да биде отфрлена од семејството”, изјавил Абдулфатах, додавајќи дека, и по толку многу години, сака да го види својот 56 годишен син кој боледува од рак.

“Ако ништо друго, би сакал барем еднаш да се напијам кафе со него. Тоа многу ќе ме израдува”, изјавил Абдулфатах.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma