Бунтовниците уживаат во луксузот на авионот на Гадафи, барем за сега. Бунтовниците го заробиле авионот на либискиот лидер, модел “Еrbas 340”, кој изнесува 82 милиони долари. Прво било објавено дека авионот е натоварен со злато и дека Гадафи бил подготвен да бега со него, но вестите подоцна се покажале како неточни.
Бунтовниците сега му се лутат на Гадафи дека трошел пари на луксуз, а од друга страна, се залагал за скромност.