Актерот Крис Нот или познат како Sверка од филмот Сексот и градот е во Србија за снимањето на неговиот нов филм. Неговото пристигнување ја збуни целата Српска женска популација. На секој чекор се слушаа извици “Крис те сакам”.
Тој веќе се наоѓа во Крагуевац каде ќе се снимаат некои од сцените. Таму пристигнал скромно со еден куфер и една торба, што покажува дека таму ќе биде кратко. Багажот си го носел самиот и пристигнал без никакво обезбедување, што треба да биде пример за многу Српски ѕвезди.