Истра – Новата Тоскана

popara2 септември, 20111min00
istra 5

Истра е град со многувековна историја. Градот постоел уште во бронзеното време. Се уште постојат градби кои го потврдуваат тоа. Меѓутоа од тогаш до денес градот на неколку пати бил рушен и обновуван, низ градот поминале многу владетели многу цивилизации се сретнале на едно место почнувајќи од, Илирите, Римјаните, Млечаните, Австроунгарците.

Од поновата историја се знае дека до 1947 година Италијаните биле оние кои го контролирале овој древен град. Но по 1947 градот станува дел од Југославија, а по 1990 година влегува во територијата на денешна Хрватска.

Ако го посетите градот ќе имате можност за уживање во 2 варијанти, првата варијанта е да уживате во приморскиот рај и втората варијанта, во убавините на модерно „село„ во кое можете да видите се што поседува едно село.

Истарско приморје

Приморјето на Истра е опкружено со градови и рибарски села. Истра е место во кое можат да се видат гламурозни зданија како што е Опатија (игралишта на кои се забавувало Австро-Унгарската буржоазија).

Следно што не смее да се пропушти при посета на Истра е градот Пула во кои постои прекрасен римски амфитеатар. Амфитеатарот е изграден помеѓу 27 и 68 година пред Христа. Се знае дека бил користен за борба на гладијатори за да подоцна биде претворен во прекрасна Арена за одржување концерти.

Следно место кое остава без здив е Ровињ. Градче со италијански шмек, луѓето го нарекуваат„ Венеција на Брдо“. Градот изобилува со тесни улици, неколку големи ресторани и неколку места каде може да се напиете некој пијалак додека го гледате прекрасното зајдисонце.

Внатрешноста на Истра

Внатрешноста на Истра е посебен свет доволен сам на себе. Далеку од гужвите во прекрасните зелени предели ќе го пронајдете вистинскиот шарм на Истра. Оваа област е позната по својата традиционална кујна. Истарското маслиново масло е едно до најдобрите масла во светот, одлична храна, прекрасно вино , мајсторски подготвени месни и млечни производи.

Истарските шуми се богати со животински свет. Овде растат едни од најскапите печурки во светот Тартуфите чија вредност достигнува и до 2000 фунти за килограм.

Истра годинава се најде на листата на National Geographic како е едно од десетте најдобри места за летување во светот. Таа чест Хрватите ја заслужија благодарение на своите 40 прекрасни плажи коишто се простираат на 535 километри морски брег, колку што полустровот има.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma