Аргентинскиот тенисер Карлос Берлок по поразот од Новак Ѓоковиќ (6:0, 6:0, 6:2), во вториот круг на US Open, после мечот изјавил дека е жртва на вонземјани.
“Овој човек е од друга планета”, изјави Берлок, кој е рангиран како 74 тенисер во светот.
Натпреварот траел само час и половина, а Берлок првиот гем го освоил дури во третиот сет кој бил проследен со големи овации од публиката на стадионот “Артур Еш”. Но сепак Ѓоковиќ немал милост за аргентинецот.
“Не ми е важно кој е на другата страна на мрежата, секогаш сакам да победам”, изјавил Србинот.
Сепак, на инсистирање на новинарите, тој признал дека едно време му било малку жал за аргентиецот, со кого е голем пријател.
“Кога публиката почна да се вклучува во играта, се чувствував одлично, тоа навистина ни беше потребно, тогаш Берлок почна да игра подобро, давајќи се од себе за да се врати во натпреварот, доби неколкуте директни поени и ја подигнавме играта на повисоко ниво.
Ѓоковиќ, исто така, открил дека кога го напуштал теренот, еден од гледачите му го побарал рекетот како компензација за тоа што мечот траел само 90 минути.
“Тој ми кажа, “Слушај платив 100 долари, а ти играше само 90 минути, дај ми уште нешто, даj ми го барем рекетот” им раскажал Ѓоковиќ, на новинарите. Тој во третото коло ќе игра против русинот Николај Давиденко.