popara2 септември, 20111min00
r_seaman@hotmail.com

Историчарот на уметност Џулијус Мејер Граф го раскажа своето искуство од посетата на едно од најубваите места на земјината топка. Прифативме пат до едно место кое е тешко достапно. Но, кога застанавме пред џиновските диви високи по 20 метри, качени на подлога тогаш ја сфативме нивната моќ.

Тие се сместени на западното крајбрежје на Нил. Храмовите кои пред 3.200 години биле изрезбани во живите карпи, денес се упатија на патување. Бегаат пред Нил чии излевања полека полека го преплавуваат подрачјето.

Господоарот на двата храма во Абу Симбел, во близина на големиот храм е големиот Рамзес Втори (1290 – 1224 ) п.н.е. Тој зад себе има оставено цела шума од камени храмови кои говорат многу за него и неговата самобендисаност. Неговите дела се преубави и никој не може да ја оспори нивната убавина.

Пред главниот храм доминира статуата на фараонот. Истата таа, т.е неговиот лик осум пати се повторува во внатрешноста, која се простира на 60 м во карпите, украсени со скапоцени ѕидни слики и релјефи.

Пред малиот храм како украс стојат трите 10 метарски високи кипови на фараонот, неговата сопруга Нефертари.

Кога излезе информацијата за градбата на Асуанската брана Унеско стана и со сета сила ги заштити двата храма од можното потопување. Тие се јавија со една едноставна изјава “ Боговите ќе се удават”. Помошта била неизбежна.

На крајот се прифатил предлогот на една Германска компанија која предложила сите кипови и сите делчиња од храмовите да бидат внимателно исечени од карпите, внимателно да се пренесат за кога ќе нарасне водата на Нил од изградбата на браната да бидат заштитени.

Додека браната се гради, џиновските статуи и дават храма ќе бидат поставени на ново место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag