Документарниот филм “Градот кој можеше да се жртвува” од страна на норвешките автори Ола Флиум и Дејвид Хебдит, кој бил емитуван на шведската телевизија СВТ, предизвикал контроверзии во Босна, бидејќи, ги оправдувал настаните во Сребреница во 1995 година, прикажувајќи ја Армијата Р. БиХ како агресор, и Армијата на Република Српска како жртва која се бранела.
Документарецот бил прикажан во неделата во шоуто “Документи од надвор” на првиот канал на шведската телевизија СВТ.
Прикажувањето на документарниот филм резултирал со протест на шведските државјанин со потекло од Босна, кои веќе уште првиот ден собрале над 1.000 потписи за петиција во која бараат јавно извинување и забрана за емитување на уште еден филм од истиот автор.
Поточно, во филмот “Траги од Сараево” Флиум ја обвинува Армијата на БиХ за директни врски со Ал Каеда, истакнувајќи дека во БиХ биле обучени терористи кои ја нападнале Америка во 2001 година, и дека армијата на Република Српска го бомбардирала Сараево токму поради заканата од тероризам.