Само што искочи од пелени 4 годишната Меди Џексон веќе стана „жена“. Со своето учество на ТВ натпреварувањето „Девојки и Дијадеми„ го шокираше светот. Пробувајќи да ја емитира Доли Партон, Меди настапи со лажни гради и задник. Носеше Барби розев комбинезон, а со сите додатоци на себе, личеше на возрасна жена. Многумина останаа со отворени усти шокирани од изгледот на Меди.
„Луѓето мислат дека ова ги премина сите граници, но за нас ова е нешто што е нормално. Кога носи лажен градник и задник тоа е само бонус“ – ја бранеше Линди Џексон, мајката на малата Меди.
Помеѓу побучните во реакцијата беше стилистот на ТВ емисијата Мајкл Бат.
„Не бев трогнат за гардеробата која ќе ја носи Меди. Таа е толку мала, меѓутоа се надевам дека добриот вкус на судиите ќе преовлада“
Бабата на Меди пак тотално ја оправдува својата внука. „Паричната награда ќе и донесе подобар живот, подобро школување и многу играчки. Ова е натпревар и победува најдобриот“.