Адам и Ева : Хотелот од рајот!!!

popara3 септември, 20111min00
Untitled

Наменет за младите и заљубените. „Адам и Ева“ е специфичен хотел од специјална категорија за оние кои сакаат апсолутен луксуз. Овој прекрасен хотел во скандинавски стил се наоѓа на 45 километри од Анталија и 35 километри од аеродромот.

Опремен со 469 луксузни соби и над 1000 кревети. Собите се ултра ексклузивни. Поседуваат ергономски кревети со површина од 24 мерти квадратни. Големината на собите е од 64 до 1212 метри квадратни, со софи на балконите и ексклузивни бањи.

Поседува базен со должина од 104 метри што всушност е најголем хотелски базен во светот. Меѓутоа тоа не е с#… Хотелскиот комплекс има и базен од 50 метри, базени за изнајмување како и базен со тобогани од затворен и отворен вид.

Хотелот поседува три свечени сали, две конференциски сали и шест сали за состаноци.  Комплексот има седум ресторани од кој најинтересен е „слепиот ресторан“ кој е специфичен по тоа што во него се јаде во тотален мрак. Исто така хотелот поседува 11 барови од кои 10 се со ултра (all inclusive) „се е вклучено“ концепт.

Се на се овој хотел е створен за вистинско уживање… секаков коментар би бил излишен!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma