Сораја Вучелиќ е во врска со хрватскиот бизнисмен Иван Припуз, наследник на едно богато семејство, пишуваат српските медиуми. Старлетата позната по учеството во последното реално шоу на “Големиот брат”, за новиот дечко се пофалила на Facebook, илустрирајќи ги своите чувства со песната на Северина е “Ja samo pjevam”
“Уживам во новата врска и убаво ми е, па тоа го споделив и со моите фанови на Facebook. Инаку, Северина е една од моите омилени пејачки, а зборовите на нејзината песна на најдобар можен начин ја опишуваат мојата моментална состојба и расположение”, изјавила бујната Сораја за Прес.