Модри усни
Ако усните на вашето бебе станат модри или јазикот почнува да помодрува тоа е знак дека детето нема доволно кислород. Оваа состојба е позната како цијаноза и бара веднаш да повикате брза помош.
Отежнато дишење
Сите бебиња понекогаш тешко дишат. Но ако вашето бебе има отежнато дишење постојано и побрзо од вообичаеното тоа може да укаже на респираторен дистрес. Веднаш јавете се на педијатар и ако е ноќ однесете го вашето бебе на дежурна клиника.
Температура над 38 степени целзиусови
Ако вашето бебе е помало од два месеца, и ректално сте и ја измериле температурата и има над 38 степени целзиусови веднаш консултирајте се со педијатар. Лекарите објаснуваат дека високата температура кај новороденчињата е ретка и може да има последици на различни бактериски инфекции, па дури и менгитис.
Дехидратација
Ако бебето е старо повеќе од 6 дена, а не ги полни пелените 6 пати на ден значи дека е дехидрирано. Други знаци на сериозно дехидрирање може да се сува уста, пропаднати очи и летаргија. Веднаш превземете нешто и однесете го детето на лекар.
Бебето повраќа зелено и кафеаво
Малите бебиња често повраќаат. Можат да повратат и ако се накашлаат , плачат, се имаат прејадено или ако имале грчеви. Меѓутоа ако бебето повратило зелено, значи дека ситуацијата е сериозна. Зеленото повраќање може да укаже дека цревата се блокирани и дека е потребна итна интервенција, а повраќањето во боја на кафе често е симптом на внатрешно крварење. Исто така ако бебето падне на глава и повраќа треба итно да го одведете на лекар.