Бритни позираше за насловната страна на магазинот Гламур. Таа освен на насловната ќе се појави и во секси едиторијалот. При тоа го дала и своето интервју во кое вели дека едвај чека да го прослави својот 30-ти роденден, кој е на 2-ри декември.
Колку си постар, толку си помудар, вели Бритни. После сè изгледа само тоа и остана на Бритни. Да се надева дека паметот си доаѓа туку така со годините.
Во својата изјава Бритни додала и дека животот на размазено девојче го има оставено далеку зад себе, и сега е сериозна жена и мајка која се труди да излезе на вистинскиот пат.