Ние луѓето, ја населуваме Замјата само еден многу мал период од нејзинта вкупна историја која изнесува цели 4,6 билиони години. Сепак, за толку кратко врме сме успеале да се здобиеме со знаење што се случило многу одамна, уште при креирањето на самата планета.
Временската оска ги дава некои од најважните настани кои го креирале нашиов постоечки свет. Па, погледнетеи видете дали сте ги знаеле овие важни факти за нашето постоење и она што се случило многу одамна пред човекот.
Мг = милиони години
1. Пред 4600 Мг
Земјата се формира од огромен облак на гас и прашина.
2. Пред 4500 Мг
Се формира Месечината со еден гигантски удар меѓу Земјата и една друга планета налик на Марс. Оваа е најприфатената хипотеза за формирањето на Месечината.
3. Пред 3800 Мг
Ове е период наречен лунарна катаклизма кога голем број астероиди и комети ги формирале кратерите на Земјата, Месечината и некои други планети.
4. Пред 2400 Мг
Почетоците на живот – слободен кислород се шири по површината на Земјата.
5. Пред 650 Мг
Период кога Земјата е целосно прекриена со мраз и се нарекува Земјата-снежна топка.
6. Пред 545 Мг
Се раѓа живот на Земјата. Од пронајдените фосили, првите форми на живот биле едноставни и едноклеточни, најчесто движејќи се во колонии. Набрзо, почнуваат да се развиваат и посложени видови живот.
7. Пред 450 Мг
Започнува огромно масовно истребување на живиот свет, кога огромни метерори ја погодуваат Земјата и уништуваат сè што ќе им се најде на патот.
8. Пред 200 Мг
Пангеа, или суперконтинентот кој постоел за време на Палеозоикот и Мезозоикот, почнува да се дели на парчиња од кои настануваат денешните континенти, нормално со мали деформации и поместувања.
9. Пред 2,58 Мг
Леденото доба сеповлекува. Влијанието е огромно, како врз глобалната температура, така и врз животинскиот и растителниот свет, врз создавањето на нови глечери и езера и др.
10. Иднината на Земјата
Се предвидува дека за билиони години, Сонцето ќе ја уништи Земјата. Планетата ќе станува сèпожешка, глечерите ќе се топат, а океаните ќе исчезнуваат.