Грчкиот премиер Јоргос Папандеру остро ја осудил неодамнешната изјава на чешкиот претседател Вацлав Клаус, во која шефот на чешката влада индиректно укажал на Грците дека се “легачи кои под чемпреси само пијат узо”, пишувале чешките медиуми.
Грците ги разгневила анализата на Клаус во врска со проблемите во еврозоната и грчкото задолжување, кое го изнел во нтервјуто за чешкиот весник Право.
Во анализата на Клаус било нагласено дека не ги обвинува Грците за проблемите на еврозоната, затоа што секоја земја има право да одлучи дали ќе работи со полна пареа, но затоа ја обвинува Европската унија што воопшто ја пуштила Грција во монетарната унија.
Со голема тага го слушав чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој е добро познат анти-Европеец, и кој сега сака да го искаже својот антиевропски пристап, со тоа што популистички ќе ги навредува Грците со изјавите дека ние тука пиеме Узо, а тие горе работата упорно, изјавил Папандреу, а пренесуваат чешките медиуми.
Грчкиот премиер предупредил дека ако Европа не успее да го надмине таквото видување на проблемот како што го има Клаус, тогаш полека ќе почне да се дели и ќе ги изгуби сите достигнувања не само во последната деценија, туку 50-60 години по Втората светска војна.
One comment
koka
3 септември, 2011 at 20:59
a pa ja cudev se,so im bese tolku spora odbranata deneska,pod doping izgleda sa bile.