Тројца вработени во сметководствена фирма во градот Викторија во Канада, уживаа во чоколадниот колач кој им го донела колешката. Откако сите го изедоа ги совлада чуство на еуфорија и неконтролирана насмевка, пишува Метро.
Кога почнале да зборуваат неповрзани работи и да халуцинираат, колегите кои не пробале од колачот повикале брза помош. Лекарите брзо потврдиле дека работниците биле дрогирани.
Полицијата покасно сфатила што се случило и дека жената не знаела дека нејзиниот син ја додал тајната состојка. Властите одлучиле, не премногу паметно, синот да го казнат со општествена корисна работа,и против мајката нема да биде подигната тужба.