Топ 10 места во светот кои не би сакале да ги посетите

popara3 септември, 20111min00
10

Досега пишувавме за прекрасни дестинации кои ви препорачувавме да ги посетите. Сепак, во светот постојат и многу лоши места кои не би сакале да ги посетите никогаш. Но, иако овие места се 10 најодвратни места на светот, постојат многу луѓе кои ги посетуваат од љубопитност. Се надеваме дека Вие не сте толку љубопитни.

1. Вртлогот на ѓубре во Пацификот:

Погледнете само што човештвото им прави на океаните. Оваа огромна површина на ѓубре во Пацифичкиот океан е поголема од Тексас, а некои научници сметаат дека е поголема и од целата територија на Соединетите Американски Држави.

2. Островите Изу во Јапонија:

Овие вулкански острови се навистина опасни за живеење. Жителите постојано се евакуираат заради опасните вулкански активности, а додека живеат на островите мора да носат маски заради високото количество на отровни гасови и постојаната миризба на сулфур.

3. Портата на пеколот во Туркменистан:

Ова место навистина си го заслужува своето име. Всушност, ова место е пештера полна со природен гас, која научниците во 1971 година решиле да ја запалат за да го избегнат ширењето на отровните гасови. Иако се надевале дека оганот ќе престане да гори по неколку денови, верувале или не, пештерата до ден денес е сеуште во пламен.

4. Отровните градини Алнвик во Англија:

Овие градини се дом на многу отровни растенија кои можат за кратко време да предизвикаат смрт. Тука може да најдете отровни печурки како беладона, месојадни растенија, и отровни цветови, но и растенија како канабис и кока од кои се произведуваат дроги.

5. Рудник за азбест во Канада:

Овој рудник се наоѓа во Квебек, Канада и претставува закана за здравјето на луѓето. Иако азбестот е забранет во поголемиот дел од светот бидејќи предизвикува рак и други болести, овој рудник работи со полна пареа, а дури и нуди бесплатно панорамно разгледување за туристи.

6. Островот Рамри во Бурма:

Овој остров всушност е огромно мочуриште, преполно со илјадници крокодили од најопасниот вид на светот. Ако тоа не е доволно, таму може да најдете и комарци кои пренесуваат маларија, како и отровни шкорпии. За време на втората светска војна, околу 1000 јапонски војници се нашле на островот, но наредниот ден биле најдени само околу 20 преживеани.

7. Патот Јунгас во Боливија:

Овој пат, кој ги поврзува Ла Паз и Короико е долг 69 километри и е познат како Патот на смртта. Се проценува дека годишно на овој пат загинуваат околу 200-300 патници. Широк е само околу 3 ипол метри и разминувањето на два автомобили претставува проблем. Сепак, многу луѓе го користат бидејќи е едниствен пат кој директно го поврзува главниот град со амазонскиот регион.

8. Вулканите со кал во Азербејџан:

Вулканите во Азербејџан ги паметиме по огромната ерупција на вулканот во Локбатан во октомври 2001 година. Во оваа држава може да најдете и вулкани со кал, кои генерално не се многу опасни, но во ретку случаеви може да еруптираат и да предизвикаат штети во радиус од 15 километри.

9. Зона на оттуѓување во Источна Европа:

Оваа зона во радиус од 30 километри околу нуклеарниот реактор Чернобил беше напуштена по нуклеарната катастрофа и под посебна администрација од Министерството за вонредни  ситуации на Украина. По нуклеарната катарстрофа, дел од евакуираните жители нелегално се вратија во своите домови, но нивната популација значително се намали заради болестите кои се проширија како резултат на труење со радијација.

10. Островот на змиите во Бразил:

Овој остров е дом на огромен број змии. Всушност се проценува дека на овој остров живеат околу 5 змии на метар квадратен. И тоа не било какви змии, туку златни поскоци чиј отров предизвикува распаѓање на мускулите и брза смрт. Ова место е толку отровно, што е потребна посебна дозвола за посета.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma