Евита Перон криела нацистички богатства украдени од Евреите!

popara3 септември, 20111min00
peron

Жената на поранешниот аргентински претседател Хуан Перон, Ева Перон, криела богатства кои нацистите ги украле од богати еврејски семејства кои биле убиени во концентрационите логори.

Овие обвинувања ги изнесоа бразилските новинари Леандро Нарлок и Дуда Тексеира во нивната најнова книга „Политички некорекрниот водич кон Латинска Америка“. Оваа книга е посветена на помалку познатите контроверзни шпекулации за познатите владетели од овој контитент.

Познатата миленица на аргентинскиот народ, уште позната како Евита, е обожувана од аргентинците кои оваа вест ја дочекаа со негодување. И покрај негативните коментари, авторите тврдат дека станува збор за уметнички дела и други богатствва кои познати нацисти ги донеле кога пребегале во Јужна Америка. Според историчарите, Хуан Перон им помогнал на многу нацисти да пребегаат во Јужна Америка, вклучувајќи ги и Адолф Ајхман и Џозеф Менгеле.

Според оваа книга, Симон Боливар, херојот на ослободителните војни на Јужна Америка се плашел дека афроамериканците и индијанците ќе ја превземат власта на овој континент. Исто така авторите тврдат дека поранешниот чилеански претседател Салвадор Аљенде сакал да ја примени нацистичката пракса за стерилизација.

Авторите велат дека оваа книга има за цел да пробуди дебата околу разни историски прашања кои се обвиени со контроверзност и мистерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag