Џесика Бел и Џастин Тимберлејк во последниве неколку недели ја обновиле нивната врска, а наводно највеќе ги зближила нивната заедничка соба во Њу Јорк за време на ураганот Ирена. Весниците пишуваат дека Џастин би дал сè за да си ја врати поранешната девојка, ја носел во Торонто каде се видени на велосипеди и како вечераат во еден ресторан, а во Њу Јорк се видени како го шетаат кучето на Џесика.
– Среќни се заедно- изјави извор близок на двојката.
Парот наводно бил заедно во Њу Јорк кога го погоди ураганот Ирена, што и ги зближило. Заедно го поминувале времето во станот, очекувајќи го невремето, а кога сè помина биле среќни што ништо не им се случило. Парот беше заедно четири години, а врската ја прекинаа заради тоа што наводно Џастин е виден во друштво на други жени. Но тој изјави дека ја сака Џесика назад.