Откако докторите на Еми Клер Дејвис (16) од Велс и рекле дека ќе живее уште три години, тинејџерката направила листа на 250 работи кои сакала да ги направи пред да умре. Девојката, кој има неизлечива болест на имунолошкиот систем, била инспирирана од филмот со Џек Николсон и Морган Фримен “The Bucket List” во кој се зборува за двајца мажи на кои им било дијагностицирано дека имаат рак, и кои тргнуваат на пат за да реализираат пред смртта се она што сакаат, а предходно за тоа немале време.
– На мојата листа има различни желби. Сакам да се возам во Ферари или Астон Мартин, но, исто така, да најдам дечко, да се омажам, да се вработам, опијам, да напишам книга и др. Некои од желбите се нормални, а некои веќе ги имала направено, како пливање во море облечена во алишта, вели храбрата тинејџерка. Таа изјавила дека списокот го направила во болница, и дека го нарекла “мојата листа на работи кои сакам да ги направам пред да умрам.