Новак Џоковиќ стана заштитно лице на познатата фирма за часовници Audemars Piquet, од која веќе како подарок доби часовник од титаниум и керамика вреден 265.000 евра.
Ноле го потпиша договорот со фирмата за часовници во Њујорк, а се очекува славниот тенисер да потпише и уште неколку договори за рекламирање.
Заштитни лица на „Audemars Piquet“, освен Ноле, се и Леброн Џејмс, Михаел Шумахер, Рори Мекилрој и многу други врвни спортисти.
„Во себе пронајдов нова страст за убави часовници. Се воодушевувам на прекрасниот спој на традиционалното и модерното кое го нуди „Audemars Piquet“, вели Ноле.
За „Audemars Piquet“ се вели дека изработуваат часовници достојни за кралеви. Па што е Ноле, ако не крал на тениските терени???